Ситуација на полско-белоруската граница
02.12.2021
Зачестените обиди на илегално преминување на границата на Европската унија од страна на мигрантите се резултат на кризата создадена од белорускиот режим. Ситуацијата која динамично се менува секој ден носи нови информации и предизвици. Најновите вести за нив се собрани на оваа страница.
Од јуни 2021 година белорускиот режим спроведува активности со карактер на хибридна војна против Европската унија.
Илегалната миграција поддржана од белоруските служби треба да ја дестабилизира политичката ситуација и да ја загрози безбедноста на Полска и на Европската унија.
Масовните обиди на кршење на територијалниот интегритет и провокациите на белоруските служби служат за продлабочување на миграциската криза создадена од белорускиот режим.
За таа цел, користењето на драматичната ситуација на луѓето кои живеат, меѓу другото, во регионот на Блискиот Исток, претставува дел од суровата и цинична политичка игра на белорускиот диктатор.
Транспортите на луѓе од овие области организирани од режимот на Белорусија постојано стигнуваат во Минск, од каде се транспортираат на границата на Полска и Европската унија.
Сегашните околности бараат прекин на политичките спорови.Тоа е прашање кое се однесува на безбедноста на целата европска заедница и на вредностите кои не врзуваат. Нашиот доследен став на спротивставување на дејствијата на белорускиот режим е поддржан и од Европската комисија и НАТО. Тоа е категорично противење на агресијата и срамното користење на страдалниците како жив штит.
Соочени со оваа сериозна закана сите државни органи се фокусирани на обезбедување и заштита на Полска и Полјаците. Станува збор за интензивни превентивни акции, зголемено присуство на припадници на граничната стража, армијата и полицијата, како и изградба на трајна ограда.