Средба на амбасадорот В. Тицињски со претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска
25.02.2021
На 24 февруари Амбасадорот на Република Полска во Скопје, Војциех Тицињски, се сретна со претседателката на новосоздадената Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, Фаница Николоска.
Разговорите се фокусираа на билатералните односи и можноста за соработка меѓу парламентите на двете земји.
За време на разговорот беа потенцирани пријателските односи меѓу двете земји.