Средба на амбасадорот В. Тицињски со претседателот на Собранието, Т. Џафери
20.05.2021
На 20 мај 2021 г. aмбасадорот на Република Полска во Скопје, Војциех Тицињски се сретна со, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
За време на средбата беше разговарано за односите меѓу Полска и Северна Македонија, за законодавната работа на Собранието, за функционирањето на парламентот во сегашните епидемиски услови, како и соработката помеѓу службите на Собранието и Сејмот на Република Полска.
Исто така беа разгледани можности за организизација на изложба посветена на 30-годишнината од формирањето на Вишеградската група во просториите на Собранието.