In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Свечена комеморација по повод 21-годишнината од трагичната смрт на двајца полски војници

05.03.2024

На 4 март 2003 година, наредникот Павел Легенцки и наредникот Пјотр Микуловски го загубија животот, додека ја извршуваа својата службена должност во рамки на мировната мисија на НАТО „Сојузничка хармонија“ во месноста Сопот, Северна Македонија.

s

На одбележувањето на 21-годишнината од овој трагичен настан, беа положени венци и запалени свеќи под спомен плочата, а на истиот настан присуствуваше и конзулот на Република Полска во Скопје, г. Пјотр Висоцки, военото аташе во Амбасадата на Република Полска во Република Бугарија и Република Северна Македонија, полковник Пјотр Грела, и претставници на Министерството за одбрана, Канцеларијата на претседателот и Генералштабот на Армијата на Северна Македонија и претставници на воениот дипломатски кор. Свечената комеморација беше организирана од страна на војницита на полскиот воен контингент кои служат во рамки на мисијата на КФОР.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}