In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

„Запали го Светлото на слободата“ - 13.12.2021

15.12.2021

По повод 40-годишнината од прогласувањето воена состојба, Институтот за национално сеќавање по деветти пат поканил за учество во социјалната кампања „Запали го Светлото на слободата“, која се состои во палење свеќа на прозорец на 13 декември 2021 г. во 19.30 часот, а со тоа да се изрази солидарност со жртвите од воената состојба.

swiatlo

 

Во кампањата се приклучија и полските дипломатски претставништва ширум светот - симболични Светла на слободата се појавија на прозорците на амбасадите, конзулатите, постојаните мисии и полските институти.

 

Кампањата се надоврзува на традицијата да се палат свеќи на прозорците на годишнината од 13 декември, како знак на протест и сеќавање на трагичните настани и жртвите на воената состојба. Институтот за национално сеќавање се надоврзува на гестот на солидарност што многубројните жители на слободниот свет го направија кон Полјаците кои живееле во воена состојба на Бадник 1981 година. Американскиот претседател Роналд Реган и папата Јован Павле Втори тогаш повикаа да се постават симболични светилки на прозорците.

 

Во своето божиќно обраќање американскиот претседател ги спомна Полјаците кои страдале под комунистичкиот режим и им се обрати на Американците, велејќи: „Пламенот на милиони свеќи во американските домови нека биде сведоштво дека светлата на слободата не можат да се изгаснат“. Таа зима се палеле свеќи на прозорецот во Белата куќа и во Апостолската палата во Ватикан. Полјаците во земјата на сличен начин го изразувале своето противење на бруталната политика на комунистичките власти.

Материјали

Запали го Светлото на слободата - На 40-годишнината од воведувањето на воената состојба, претседателот Andrzej Duda Ве поканува да учествувате во кампањата #LightOfFreedom.
svetlo​_07122021​_ENG.mp4 62.51MB
{"register":{"columns":[]}}