In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Завршен е уште еден проект финансиран од Полската развојна помош

17.02.2023

На 15 февруари амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски учествуваше на свеченото отворање на мултифункционални спортски терени во две населени места во Општина Чашка - Лисиче и Баница.

cz

 

Тие се изградени како дел од заедничкиот проект на Амбасадата и Општина Чашка во вредност од 15.000  евра. На настанот учествуваше и градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски. Двата терени се наменети пред се за децата и младината кои досега немале пристап до спортската инфраструктура, како и за локалната заедница. Присутни на настанот малите корисници на проектот се заблагодарија за создавањето место за игра и спортување.

 

Амбасадата на Република Полска веќе соработуваше со Општина Чашка во 2019 г. при реализацијата на проектот на модернизацијата на греењето во општинската градинка.

 

Во рамките на малите грантови од Полската развојна помош во 2022 г. Амбасадата на Република Полска во Скопје реализираше 8 проекти со вкупна вредност од близу 130.000 евра.

 

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}