Презентација на приоритетите на Претседателството пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ
21.01.2025
Приоритетите и програмата на Полското Претседателство со Советот на ЕУ беа презентирани од Ополномоштен Министер Мариуш Бримора на форумот на Шефовите на мисии на земјите-членки на ЕУ во Северна Македонија (HoM's). Настанот беше организиран на 21 јануари годинава во седиштето на Делегацијата во Скопје и претставува дел од серија активности преземени од Полската Амбасада во Скопје како дел од инаугурацијата на Полското Претседателство во Северна Македонија.