Ручек со учество на шефот на македонската дипломатија
27.01.2025
Полската амбасада во Скопје официјално ја инаугурираше полскoто Претседателство со Советот на ЕУ со ручек за амбасадорите на земјите членки на ЕУ на 27 јануари оваа година, со специјално учество на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија Тимчо Муцунски.
Средбата беше можност за министерот ополномоштен Мариуш Бримора да ги презентира приоритетите и програмата на полското Претседателство, како и состојбата на полско-македонските односи. Шефот на македонската дипломатија се осврна на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Во дискусијата исто така беа опфатени теми од актуелната меѓународна агенда.
Официјалната инаугурација го отвора патот за натамошни активности на Амбасадата, вклучувајќи јавни и културни настани, кои ќе придонесат за понатамошна промоција на полското Претседателство, како и за зајакнување на полскиот имиџ во Северна Македонија.