In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Консултации на ниво на заменици за надворешни работи

29.11.2024

1

Државниот потсекретар во Министерството за надворешни работи на Република Полска, Mарек Правда и Зоран Димитровски, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, денеска одржаа разговори посветени на билатералните односи и процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Соговорниците разменија мислења и за состојбата на Западен Балкан, односно војната во Украина.

Двете страни ги истакнаа одличните билатерални односи. Замениците министри ја потврдија потребата од натамошно интензивирање на меѓусебните контакти меѓу Полска и Северна Македонија, на ниво на претставници на државните власти, но и во општествените областите, односно образованието, туризмот и соработката меѓу локалните самоуправи. Заедно било констатирано дека сѐ уште има голем потенцијал за развој на економската соработка и взаемни инвестиции.

Важна тема на разговорите беше актуелната состојба на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и неговото интензивирање. Заменик министерот Правда истакна дека Полска со години ги поддржува европските интегративните аспирации на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан. Исто така посочи дека проширувањето на ЕУ ќе биде еден од приоритетите за време на полското претседавање со Советот на Европската унија во првата половина на 2025 година.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}