"Варшава го исцртува Скопје" наградена во Северна Македонија
13.11.2024
Кинга Нетманн-Мултановска е добитничка на престижната награда „13 Ноември“, доделена од Град Скопје, за книгата „Варшава го исцртува Скопје“, која е објавена и во Северна Македонија од издавачката куќа Бегемот, во превод на Филип Димевски.
Книгата е единствена таква публикација за полскиот придонес во обновата на Скопје по трагичниот земјотрес во 1963 година.