In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Полско претседателство со Советот на ЕУ

01.01.2025

1

На 1 јануари 2025 година, Полска го започна своето второ претседателство со Советот на ЕУ, а нејзиното мото е: „Безбедност, Европа!“.

Полското претседателство се случува во време на неизвесност и загриженост. Европа се соочува со последиците од вооружената агресија на Русија врз Украина и потребата за зајакнување на сопствениот одбранбен потенцијал. Гледаме растечки геополитички тензии, ерозија на меѓународниот правен поредок и хибридни напади насочени кон европската демократија.

За Европа, ова е време на испит и одлуки. Европската унија мора да се заштити себеси и своите граѓани и да се грижи за своето непосредно опкружување. Да им даде на Европејците чувство на безбедност и перспективи за развој.

Одговорноста кон идните генерации бара единство на ЕУ и подготвеност за соработка со партнери кои ги делат нашите вредности, особено оние кои тежнеат кон членство. Покрај тоа, таа нè обврзува да ги браниме вредностите врз кои се базира Заедницата, како што се демократијата, слободата и владеењето на правото.

Затоа, полското претседателство ќе ги поддржува активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии: надворешна, внатрешна, информативна, економска, енергетска, прехранбена и здравствена.

Во врска со претседателството, Полска има подготвено многу информации за сите заинтересирани: портал со најважните информации, културна програма, па дури и плејлиста на Spotify.

 Секој сигурно ќе најде нешто за себе!

{"register":{"columns":[]}}