Соработка со Театарот Комедија
21.01.2025
Театарот Комедија е еден од најпопуларните театри во Скопје. Неговиот репертоар има вклучено полски претстави, меѓу кои и дела на Славомир Мрожек. Во есента 2025 година, понудата ќе биде збогатена со една од драмите на Витолд Гомбрович, познат и популарен меѓу македонската публика. Планираниот проект ќе се реализира во соработка со Амбасадата на Полска во Скопје, која посебно се залага за промоција на полската литература во земјава.
Оваа и пошироките полско-македонски односи беа тема на средбата меѓу Ополномоштен министер Мариуш Бримора и директорот на Театарот, Дарко Спасов, на 20 јануари оваа година во седиштето на институцијата.