In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Зимска школа за славистика

17.01.2025

6

Какви студии нуди Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје? Зошто славистиката е интересна област? Дали полскиот јазик навистина е толку тежок за странци? Одговорите на овие и други прашања беа понудени на Зимската школа за славистика, организирана на Катедрата за славистика од 13 до 17 јануари оваа година, наменета за средношколци кои се соочуваат со избор на насоката на нивните студии. Посетителите на Школата учествуваа на предавања водени од професори по славистика. Предавањата за Полска и полскиот јазик ги водеше лекторката Наталија Лукомска. На крајот од Школата, учесниците добија подароци подготвени од Амбасадата на Полска во Скопје, со лого специјално дизајнирано од г-ѓа Наталија, кое го прикажуваме подолу.

 

Фотографии (6)

{"register":{"columns":[]}}