Инаугурација на твининг-проектот
23.01.2025
На 22 јануари се одржа официјалната инаугурација на твининг-проектот „Поддршка на инспекциските служби за транспорт на патници и стока“. Полските и хрватските институции ќе ги поддржат и обучат македонските инспектори за патен сообраќај за да ги приспособат нивните практики на стандардите на ЕУ. Водечка институција од полска страна е Главната инспекција за патен сообраќај.