Божиќна и новогодишна средбa
24.12.2024
Полјаците и полската дијаспора во Северна Македонија, претставниците на полскиот воен контингент на КФОР и ЕУЛЕКС, луѓе пријатели со Полска - беа гости на Божиќно-новогодишната средба организирана од Полската амбасада во Скопје на 17 декември. Ополномоштениот министер Мариуш Бримора упати најдобри желби до присутните и им се заблагодари за соработката со полската институција и за негувањето на полската традиција надвор од границите на Татковината.
На божиќната трпеза имаше и полски јадења во кои сите особено уживаа.
На сите кои не можеа да бидат на тој ден со нас и на нашите онлајн читатели им пожелуваме Божиќ исполнет со здравје и радост и сѐ најдобро во 2025 година!