In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

80-годишнина од ослободувањето на логорот Аушвиц-Биркенау со учество на Претседателката на Република Северна Македонија

27.01.2025

1

На 27 јануари, годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор за истребување Аушвиц-Биркенау, се одбележува како Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот, официјално прогласен од Генералното собрание на ОН во 2005 година.

Поранешниот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау останува еден од најважните симболи на сеќавањето на Холокаустот. Заедно со илјадници гробови, споменици и меморијални места ширум светот, тој сведочи за суровите злосторства и претставува почит кон жртвите.

2025 година ќе се означат 80 години од ослободувањето на логорот. Многубројни странски делегации учествуваа на церемонијата за одбележување на овие настани. Северна Македонија беше претставена од Претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

{"register":{"columns":[]}}