In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРАВИЛАТА НА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПЛАТЕНА ШКОЛАРИНА ВО СЛУЧАЈ НА НЕДОБИВАЊЕ ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО ПОЛСКА СО ЦЕЛ ЗАПОЧНУВАЊЕ ИЛИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СТУДИИ

Условите за наплата на надоместоците за образовните услуги од страна на јавните факултети се утврдени со законот за високо образование и наука, од 20 јули 2018 година, а во случај на приватни факултети, тие произлегуваат од внатрешните прописи на овие факултети.

Студентите примени на студии склучуваат договори со факултети, чии одредби содржат детални услови поврзани со процесот на прием на факултет, текот на студиите, вклучително одредбите во врска со висината на надоместоците, како и правилата за враќање на платениот надоместок. Кандидатите за студии треба детално да ги проучат овие документи, особено одредбите за правилата за враќање на платената школарина.

Прашањата кои се однесуваат на враќањето на школарината се решаваат директно помеѓу студентите и факултетите. Министерството за надворешни работи на Република Полска, Амбасадите на РП, како и Конзулатите на РП не посредуваат во контактите помеѓу студентот и факултетот, ниту имаат правни алатки кои овозможуваат поврат на платената школарина на странецот на кој не му е одобрена студентска виза.

Доколку факултетот не ги почитува одредбите од договорот склучен со студентот, особено, кога не ја враќа школарината во случај предвиден со договорот, побарањата во врска со школарините можат да се бараат само во граѓанска постапка.

{"register":{"columns":[]}}