Проверка и заверка на усогласеност на преводи
Каде ќе ја завршите работата?
Во избрано дипломатско-конзуларно претставништво на Република Полска, коешто врши преведување од јазикот на кој е изготвен документот.
Дали морате лично да ги поднесете документите?
Документите можете да ги поднесете лично.
Како да закажете термин?
За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.
Кои документи треба да ги поднесете?
Подгответе:
- Оригинал на документот и негов превод.
Запомнете дека:
- конзулот заверува усогласеност на преводи на документи од македонски јазик на полски јазик и од полски јазик на македонски јазик,
- конзулот заверува преводи кои се извршени веродостојно и читливо,
- за заверка на усогласеност на превод не е неопходно негово изготвување од страна на овластен или професионален преведувач.
Колку ќе платите?
Таксата за секоја започната страница превод изнесува 1 848,00 MKD.
Кој е рокот за реализација?
Конзулот ја извршува услугата без непотребно одолжување, но не подоцна од 30 дена од денот на поднесување на барањето.
Како ќе ги добиете документите?
Лично. Можете исто така да побарате документите да Ви бидат доставени по пошта, доколку ги покриете поштенските трошоци.
Како може да се жалите?
Во случај на одбивање да се изврши дејствието, конзулот ќе издаде решение, против коешто можете во рок од 7 дена да поднесете жалба до министерот за надворешни работи на Република Полска. Жалбата се поднесува преку конзулот, којшто го издал решението.