Изјава за прифаќање или за одбивање наследство
Каде ќе ја завршите работата?
Изјава за одбивање наследство, за директно прифаќање наследство или за прифаќање наследство со одговорност за евентуални долгови до висината на вредноста на добиениот имот – можете да дадете во месно надлежното дипломатско-конзуларно претставништво (ДКП) на Република Полска.
Полскиот конзул ќе ја потврди своерачноста на потписот на наследникот на изјавата за одбивање или за прифаќање на наследството. За изјавата да биде ефективна, морате уште да ја доставите до оставинскиот суд – односно судот според последното живеалиште на оставителот – во рок од 6 месеци од денот, кога дознавте дека можете да го прифатите или да го одбиете наследството.
Дали морате лично да ги поднесете документите?
Да, документите мора да ги доставите лично.
Како да закажете термин?
За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.
Кои документи треба да ги поднесете?
- важечки пасош или лична карта,
- изјава за одбивање или за прифаќање наследство – запомнете дека изјавата мора да ја потпишете во присуство на полскиот конзул.
Запомнете, дека за давање изјава во име на дете неопходно е дополнително да се добие одобрение од старателски суд, бидејќи тоа е дејство што го надминува обичното управување со имотот на детето. Барањето за добивање одобрение родителот го поднесува до старателски суд кој е надлежен за живеалиштетот на детето.
Примери на изјави:
- Пример на изјава за одбивање на наследство – примерот има само нагледен карактер, може да се модификува,
Пример на изјава за одбивање на наследство во име на малолетник – примерот има само нагледен карактер, може да се модификува.
Колку ќе платите?
Таксата изнесува 1 848,00 MKD.
Кој е рокот за реализација?
Заверка на потпис на изјавата ќе добиете за време на посетата на полското ДКП.
Како ќе ги добиете документите?
Лично. Можете исто така да побарате документите да Ви бидат доставени по пошта, доколку ги покриете поштенските трошоци.
Како може да се жалите?
Во случај на одбивање да се изврши дејствието, конзулот ќе издаде
Најчесто поставувани прашања
Што значи давањето на одделните изјави?
Давањето изјава за одбивање наследство резултира со немање одговорност за оставински долгови и лишување од побарувања во однос на каква било актива оставена од страна на оставителот. Наследникот, кој ќе одбие наследство, ќе биде исклучен од наследување, како да не го доживеал отворањето на наследството, а на негово место стапуваат неговите наследници.
Давањето изјава за прифаќање наследство резултира со целосна одговорност за оставинските долгови, а исто така, можност за пријавување побарувања во однос на активата, во обем на уделот кој му следува на наследникот.
Давањето изјава за прифаќање наследство со ограничување на одговорноста за долгови означува дека наследникот одговара за оставинските долгови до висината на активата.
Што ќе се случи, ако нема да дадам никаква наследничка изјава?
Во согласност со нивелираните одредби од полскиот Граѓански законик, ако наследникот не даде во законскиот рок никаква наследничка изјава, тоа ќе означува прифаќање на наследството со ограничување на одговорноста за оставинските долгови – односно со ограничување на одговорноста за долгови до висина на наследната актива.
Дадов изјава за одбивање наследство од мојата мајка. Сега наследството премина на моите деца. Колку време имам за давање изјава за одбивање наследство во нивно име? Нели, претходно треба да добијам одобрение од старателски суд.
Рокот изнесува 6 месеци од денот, кога Вие сте ја дале изјавата за одбивање на наследството. Меѓутоа, во согласност со судската практика на полскиот Врховен суд (решенија од 28 мај и 24 септември 2015 година, донесени во предметите III CSK 352/14 и V CSK 686/14), самото поднесување до полски старателски суд (во рамките на споменатиот шестмесечен рок) на барање за давање одобрение за одбивање наследство во име на малолетник, предизвикува дека се прекинува течењето на тој рок. Потоа, тој рок тече од ново по правосилност на одлуката на старателскиот суд за давање одобрение за одбивање на наследството во име на малолетникот.
Дадов изјава за одбивање наследство од мојот татко. Наследството премина врз мојот син. Знам дека нешто морам да поднесам во Полска. Дали, ако испратам изјава за одбивање на наследството до реонскиот суд, тоа ќе биде сè што ќе треба?
Не. Оставинскиот суд (односно судот надлежен според вообичаеното живеалиште на оставителот) е судот, во кој мора да поднесете своја сопствена изјава за одбивање на наследството. За да се даде изјава во име на дете, мора да добиете одобрение од старателски суд. Тоа се две различни категории на предмети. Првите предмети вообичаено ги водат граѓанските оддели во полските граѓански судови, а другите семејно-старателските оддели во тие судови.
Имам две деца двајца браќа. Брат ми живее во Полска. Дали, за да биде поедноставно и побрзо, не би можел едноставно да го одбијам наследство во корист на брат ми? Тој ќе ги среди формалностите во Полска.
Нема можност за одбивање наследство во корист на конкретно лице (со прескокнување на одредбите за наследување). Полските конзули одбиваат извршување дејствија, кои би биле во спротивност со законските одредби или начелата за општествен соживот.