In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.

Заверка на своерачност на потпис

Каде ќе ја завршите работата?

Заверка на своерачност на потпис може да добиете во кое било дипломатско-конзуларно претставништво (ДКП) на Република Полска.

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Да, за да добиете заверка на своерачноста на потписот на документ, мора да дојдете лично.

Како да закажете термин?

За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.

Кои документи треба да ги поднесете?

Подгответе:

  • документот, под којшто сакате да го заверите потписот;
  • важечки документ за лична идентификација (пасош или лична карта).

Запомнете! Полското законодавство за важноста на одредени правни дела (на пр. полномоштво за склучување договор за пренесување на правото на сопственост врз недвижност или договор за поделба на наследство) може да налага документот да биде изготвен во форма на нотарски акт. Заверувањето од страна на конзулот на потпис на таков вид документ изготвен самостојно не е можно.

Колку ќе платите?

Таксата за заверка на своерачноста на потпис изнесува 1848,00 MKD.

Кој е рокот за реализација?

Заверка на своерачноста на потпис ќе добиете за време на посетата на полското ДКП.

Како ќе ги добиете документите?

Неприменливо.

Како може да се жалите?

Во случај на одбивање да се изврши дејствието, конзулот ќе издаде решение, против кое можете во рок од 7 дена да поднесете жалба до министерот за надворешни работи на Република Полска. Жалбата се поднесува преку конзулот, кој го издал решението.

{"register":{"columns":[]}}