In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.

Визни прашања – општи информации

Визни прашања – општи информации

Видови визи:

Пред да поднесете барање за виза, морате да одлучите за кој вид виза ќе аплицирате:

  • аеродромска транзитна виза (тип А) – изберете го овој вид виза, ако планирате исклучиво транзит преку меѓународна зона на аеродром што се наоѓа во Шенген зоната и патувате врз основа на пасош од една од долунаведените држави: Авганистан, Бангладеш, Демократска Република Конго, Еритреја, Етиопија, Гана, Ирак, Иран, Нигерија, Пакистан, Сомалија, Шри Ланка.
  • Шенген виза (Тип Ц) – виза за лица, кои имаат намера да престојуваат во Полска или во други земји од Шенген зоната максимум 90 дена во секој период од 180 дена.
    Тоа означува дека може да престојувате во неа легално, само ако во периодот на последните 180 дена Вашиот престој во земјите на зоната не надминал 90 дена.
    На интернет-страницата на Европската комисија, можете да најдете специјален калкулатор што овозможува пресметување колку долго може да останете во Шенген земјите.

За Шенген виза во полско дипломатско претставништво може да аплицирате, доколку:

  • Полска е едиснтвена цел на Вашето патување во Шенген зоната;
  • посетувате повеќе од една држава на зоната, но Полска е главно место на посетата;
  • не сте во состојба да определите, која од Шенген државите е главна цел на патувањето, а границата на Шенген зоната за првпат ја преминувате во Полска.

Во исклучителни случаи, исто така, можно е издавање на т.н. „LTV“ Шенген виза, којашто важи само на територијата на избрани земји од зоната.

  • национална виза (тип Д) – аплицирајте за оваа виза, ако сакате да останете во Полска подолго од 90 дена. Меѓутоа периодот на важење на визата не може да надмине 1 година. Морате да изберете барање за национална виза, ако барате азил, репатријација или ги користите овластувањата кои ги имате врз основа на Полска картичка (Карта Полака).

 

Поедноставена визна постапка за членовите на семејствата на граѓани на ЕУ

Кој може да ја користи постапката?

ЗАПОМНЕТЕ: Постапката се однесува исклучиво на членови на семејствата на граѓани на ЕУ, коишто немаат полско државјанство или немаат постојано живеалиште во Полска.

Граѓани на ЕУ се:

  • граѓани на земјите-членки на ЕУ, 
  • граѓани на Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Како член на семејство на граѓанин на ЕУ се смета:

  • брачен другар на граѓанин на ЕУ,
  • директен потомок на граѓанин на ЕУ или на негов брачен другар, на возраст до 21 година или кој е издржуван од страна на граѓанин на ЕУ или на негов брачен другар,
  • директен предок на граѓанин на ЕУ или на негов брачен другар, којшто е издржуван од страна на граѓанин на ЕУ или на негов брачен другар.

Што овозможува поедноставената постапка:

  • Поднесување на барањето за виза е бесплатно.
  • Вашето барање ќе биде примено во дипломатското претставништво без неопходност за претходно закажување на термин.

Неопходни документи:

  • испечатено и потпишано барање за виза (пополнето на страницата е-конзулат);
  • тековна фотографија во боја со димензии 3,5 x 4,5 цм;
  • важечки пасош;
  • документ, којшто го потврдува постоењето на семејни врски со граѓанин на ЕУ (на пр. извод од матичната книга на венчаните, извод од матичната книга на родените);
  • документ, којшто го потврдува фактот на придружување на граѓанин на ЕУ за време на патување или присоединување со него во местото на живеење.

Одбивање да се издаде виза

Основ за издавање на негативна одлука може да биде исклучиво:

  • фигурирање во регистарот на лица, чијшто престој во Полска е непожелен;
  • негативно мислење на возните органи, коишто ќе констатираат дека Вашиот престој може да претставува опасност за одбраната или безбедноста на државата или за заштитата на безбедноста, редот и јавното здравје. 

Одбивањето да се издаде виза од страна на конзулот е во форма на решение. Против решението за одбивање да се издаде виза може да се поднесе жалба до полскиот министер за надворешни работи.

 

Биометриски податоци:

При поднесување на барањето за виза, од Вас ќе бидат земени биометриски податоци: фотографија за апликации за национална виза, а за апликации за Шенген виза фотографија и отпечатоци од прстите.

Ако во последните 59 месеци сте аплицирале за Шенген виза, а Ви биле земени отпечатоци од прстите, нема да треба повторно да Ви се земат – системот автоматски ќе ги пренесе Вашите податоци.

Од обврската за земање отпечатоци од прстите се ослободени следниве лица:

  • деца под 12 годишна возраст;
  • лица, од коишто земањето на отпечатоците е физички невозможно (на пр. поради недостаток на прсти или нивна привремена повреда).
  • шефови на држави и влади, членови на национални влади заедно со нивни сопружници што ги придружуваат и со членови на официјална делегација, кога се поканети за официјални цели;
  • монарси и важни по ранг членови на кралско семејство, кога се поканети за официјални цели.

Лични податоци:

Орган одговорен за обработка на податоците што се наоѓаат во системот за визна информација (VIS) Централниот технички орган на Национални информатички систем, Главна полициска управа, ул. Пулавска 148/150, 02-624 Варшава.

Жалбите поврзани со заштитата на личните податоци ги разгледува Генералниот инспектор за заштита на личните податоци (Generalny Inspektora Ochrony Danych Osobowych, ul. Stawki 2, 00-193 Warszawa).

 

 

 

{"register":{"columns":[]}}