Доделување на полско државјанство
Каде ќе ја завршите работата?
Молба до Претседателот на Република Полска за доделување на полско државјанство се поднесува преку полски конзул, во дипломатско-конзуларно претставништво на Република Полска што е месно надлежно во согласност со Вашето живеалиште.
Странците, коишто живеат во Полска, молбите ги поднесуваат преку војводите (војвода е управител на еден од 16-те административни региони во Република Полска – војводство).
Внимание! Молбите испратени директно на адресата на Канцеларијата на Претседателот на Република Полска подлежат на враќање.
Дали морате лично да ги поднесете документите?
Документите можете да ги поднесете лично.
Доделувањето на полско државјанство на еден од родителите го опфаќа, исто така, и малолетникот кој е под негово старателство, во случај, ако: другиот родител нема старателство или другиот родител лично ќе даде изјава на записник пред конзулот за давање согласност за стекнување полско државјанство од страна на малолетникот.
Децата помеѓу 16 и 18 годишна возраст мораат да дадат дополнителна изјава на записник пред конзулот за давање согласност да им се додели полско државјанство.
Како да закажете термин?
За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.
Кои документи треба да ги поднесете?
- Молба за доделување полско државјанство
- Фотографија со формат како за пасош
- Документи, коишто ги/го потврдуваат:
- податоците на странецот, кој бара да му се додели полско државјанство,
- информациите за изворите на приход на странецот, неговите професионални достигнувања, политичката и општествената дејност (доколку е применливо),
- податоците за брачниот другар на странецот (доколку е применливо),
- информациите за малолетникот опфатен со молбата (доколку е применливо),
- информации за родителите и поранешните предци, ако биле полски државјани (доколку е применливо),
- поседувањето од страна на апликантот полско државјанство во минатото, неговото губење, како и датумот на стекнување државјанство на друга држава (доколку е применливо).
Документи што ги потврдуваат податоците и информациите содржани во формулар издаден од страна на странски орган врз основа на Регулативата 2016/1191,
- документите кои потекнуваат од земјите на ЕУ и не се опфатени со Регулативата 2016/1191 треба да бидат заверени со апостил клаузула,
- документите кои се издадени надвор од ЕУ треба да бидат заверени со апостил клаузула – во случај на земјите кои се потписнички на Конвенцијата за укинување на потребата за легализација на странски јавни исправи, потпишана во Хаг на ден 5 октомври 1961 г. или да бидат легализирани од страна на полски конзул – во случај на останатите земји.
Колку ќе платите?
Таксата за поднесување на молбата изнесува 22 169,00 MKD.
Кој е рокот за реализација?
Полското државјанство на странец му го доделува Претседателот на Република Полска.
Претседателот на Република Полска не е врзан со никакви рокови во предметите за доделување на полско државјанство.
Како ќе ги добиете документите?
Документите можете да ги подигнете лично. Конзулот, исто така, може да ги испрати документите на адреса посочена од Ваша страна – договорете го ова при поднесување на молбата.
Како може да се жалите?
Не може да поднесете жалба. Решенијата на Претседателот на Република Полска не подлежат на жалба.
Најчесто поставувани прашања
Како моето дете може да добие полско државјанство?
Полско државјанство може да му се додели на странец на негово барање, а на малолетник на барање на неговите законски претставници.
Доделувањето на полско државјанство на родителите, исто така, го опфаќа и малолетникот кој е под нивна родителска грижа.
Запомнете дека децата помеѓу 16 и 18 годишна возраст мораат да поднесат дополнителна изјава за давање согласност да им се додели полско државјанство.