In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.

Откажување од полско државјанство

Каде ќе ја завршите работата?

Молба до Претседателот на Република Полска за откажување од полско државјанство се поднесува преку полски конзул, во дипломатско-конзуларно претставништво на Република Полска што е месно надлежно во согласност со Вашето живеалиште.

Внимание! Молбите испратени директно на адресата на Канцеларијата на Претседателот на Република Полска подлежат на враќање.

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Документите можете да ги поднесете лично.

Давањето согласност за откажување од полското државјанство на еден од родителите го опфаќа, исто така, и малолетникот кој е под негово старателство, во случај, ако: другиот родител нема старателство или другиот родител лично ќе даде изјава на записник пред конзулот за давање согласност за губење на полското државјанство од страна на малолетникот.

Децата помеѓу 16 и 18 годишна возраст мораат да дадат согласност за откажување од државјанство. Тоа може да го направат само лично во конзулатот преку давање изјава на записник.

Како да закажете термин?

За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.

Кои документи треба да ги поднесете?

Потребни документи:

  1. молба за давање согласност за откажување од полско државјанство,
  2. фотографија со формат како за пасош,
  3. Документи, коишто ги/го потврдуваат:
  1. вашите податоци,
  2. податоците за брачниот другар (доколку е применливо);
  3. информациите за малолетникот опфатен со молбата (доколку е применливо);
  4. документ кој потврдува поседување државјанство на друга држава или ветување за негово доделување,
  5. поседуваните документи кои потврдуваат дека сте полски државјанин.

Документи што ги потврдуваат податоците и информациите содржани во молбата, може да се особено следниве документи:

  • документи за утврдување на идентитетот и државјанството;
  • изводи од полски матични книги;
  • изводи од полски матични книги на венчаните или други документи кои ја потврдуваат матичната (брачната) состојба;
  • документи за утврдување на идентитетот и државјанството на брачниот другар;
  • документи за утврдување на идентитетот на  малолетникот/малолетниците.

Ако молбата за откажување од полско државјанство, исто така, опфаќа малолетно дете, дополнително приложете:

  1. извод од матичната книга на родените за детето;
  2. изјава за давање согласност од страна на другиот родител за губење од страна на детето на полското државјанство – изјавата ја прима конзулот на записник;
  3. писмена согласност на детето тоа да го изгуби полското државјанство, ако малолетникот опфатен со молбата има над 16 години – изјавата ја прима конзулот на записник.

Запомнете дека:

  • молбата се пополнува исклучиво на полски јазик,
  • копиите на полските и странските документи мора да се потврдени дека се верни на оригиналите од страна на полски конзул,
  • сите документи на странски јазик мора да бидат преведени на полски јазик од страна на полски овластен преведувач или полски конзул. Во случај на некои документи кои потекнуваат од земјите на Европската Унија, наместо превод, може да се поднесе повеќејазичен стандарден формулар издаден од страна на странски орган врз основа на Регулативата 2016/1191,
  • документите кои потекнуваат од земјите на ЕУ и не се опфатени со Регулативата 2016/1191 треба да бидат заверени со апостил клаузула,
  • документите кои се издадени надвор од ЕУ треба да бидат заверени со апостил клаузула – во случај на земјите кои се потписнички на Конвенцијата за укинување на потребата за легализација на странски јавни исправи, потпишана во Хаг на ден 5 октомври 1961 г. (Сл. в. од 2005 г., бр. 112, позиција 938) или да бидат легализирани од страна на полски конзул – во случај на останатите земји.
Колку ќе платите?

Таксата за поднесување на молбата изнесува 22 169,00 MKD.

Кој е рокот за реализација?

Полски државјанин го губи полското државјанство на свое барање, по добивање согласност од Претседателот на Република Полска за откажување од полското државјанство.

Претседателот на Република Полска не е врзан со никакви рокови во предметите за откажување од полско државјанство.

Губењето на полското државјанство настапува по изминување на 30 дена од датумот на издавање на решението на Претседателот во врска со тоа или во пократок рок, доколку така одлучи Претседателот.

Како ќе ги добиете документите?

Документите можете да ги подигнете лично. Конзулот, исто така, може да ги испрати документите на адреса посочена од Ваша страна – договорете го ова при поднесување на молбата.

Запомнете дека со добивање на согласноста за откажување од полското државјанство, ќе бидете обврзани да го вратите полскиот пасош во конзулатот.

Како може да се жалите?

Не може да поднесете жалба. Решенијата на Претседателот на Република Полска не подлежат на жалба.

{"register":{"columns":[]}}