Уверение за поседување или за губење полско државјанство
Каде ќе ја завршите работата?
Барање до војвода (војвода е управител на еден од 16-те административни региони во Република Полска – војводство) за потврдување на поседување или за губење полско државјанство, можете да поднесете со посредство на полски конзул, во дипломатско-конзуларно претставништво на Република Полска кое е месно надлежно според Вашето живеалиште.
Дали морате лично да ги поднесете документите?
Документите може да ги доставите лично.
Како да закажете термин?
За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.
Кои документи треба да ги поднесете?
- барање за потврдување на поседување или на губење на полско државјанство,
- документи релевантни за утврдување на поседување полско државјанство, особено изводи од матичните книги на родените и документи што го потврдуваат полското потекло на Вашите родители/баби и дедовци (извод од матичната книга на родените, извод од матичната книга на венчаните, крштеница, копии на полски документи на родителите или баби и дедовци и сл.). Во случај на промена на презиме – копија на документите што го потврдуваат тој факт (извод од матичната книга на венчаните, акт/решение за промена име или презиме и сл.),
- оригинал на тековен документ за лична идентификација заедно со страниците што содржат службени прибелешки (на увид),
- ако сте родени надвор од границите на Република Полска – мора да доставите целосен извод од матичната книга на родените кој содржи презимиња на родителите,
- документ кој ја потврдува Вашата матична состојба (извод од матичната книга на венчаните, документ за развод или извод од матичната книга на умрените за брачниот другар).
Запомнете дека:
- барањето се пополнува исклучиво на полски јазик,
- копиите на документите мора да се потврдени дека се верни на оригиналите од страна на полски конзул,
- сите документи на странски јазик мора да се преведени на полски јазик од страна на полски овластен преведувач или полски конзул,
за некои документи кои потекнуваат од земјите на Европската Унија, наместо превод, може да се поднесе повеќејазичен стандарден формулар издаден од страна на странски орган врз основа на Регулативата 2016/1191,
- документите кои потекнуваат од земјите на ЕУ и не се опфатени со Регулативата 2016/1191 треба да бидат заверени со апостил клаузула,
документите кои се издадени надвор од ЕУ треба да бидат заверени со апостил клаузула – во случај на земјите кои се потписнички на Конвенцијата за укинување на потребата за легализација на странски јавни исправи, потпишана во Хаг на ден 5 октомври 1961 г. или да бидат легализирани од страна на полски конзул – во случај на останатите земји.
Колку ќе платите?
Таксата за поднесување на барањето изнесува 4 927,00 MKD.
Кој е рокот за реализација?
Полскиот конзул неодложно ќе го испрати Вашето барање до надлежниот војвода.
Како ќе ги добиете документите?
Документите можете да ги подигнете лично.
Како може да се жалите?
Можете да поднесете жалба до полскиот министер за внатрешни работи и администрација преку војводата, којшто го донел решението за вашиот предмет.
За тоа имате 14 дена од денот на доставувањето на решението.
Најчесто поставувани прашања
Како можам да потврдам дека имам полско државјанство?
Документи, коишто го потврдуваат поседувањето на полско државјанство се важечки полски пасош или важечка полска лична карта.
Доколку немате документи кои го потврдуваат полското државјанство или Вашите лични податоци и државјанството не може да се утврдат, може да добиете уверение за поседување на полско државјанство или за негово губење.