In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.

Потврда која дава право за транспорт на оружје и муниција преку територијата на Република Полска

Каде ќе ја завршите работата?

Потврдата ќе ја добиете во месно надлежната конзуларна канцеларија на Република Полска.

Запомнете дека по добивање на потврдата која дава право за транспорт на оружје и муниција преку територијата на Република Полска, ќе бидете обврзани да им го покажете тој документ на органите на полската Гранична стража со цел добивање на печат кој потврдува преминување на границата.

Запомнете дека условот за поседување на потврдата не се применува во однос на државјаните на државите членки на Европската Унија кои имаат европска картичка за огнено оружје.

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Документите може да ги поднесете лично.

Како да закажете термин?

За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат .

Кои документи треба да ги поднесете?

Подгответе:

  • документ за лична идентификација,
  • документ кој дава право за поседување оружје,
  • информативна карта за оружјето,
  • информација за бројот на транспортирана муниција, видот и за урнек на куршумот.

Информирајте го конзулот за декларираниот датум на влегување на територијата на Република Полска и за датумот на заминување, како и за местата каде ќе ја преминувате границата.

Колку ќе платите?

Таксата за издавање на потврдата изнесува 3 695,00 MKD.

Кој е рокот за реализација?

Конзулот ја издава потврдата без непотребно одолжување, но не подоцна од 14 дена од денот на поднесување на барањето.

Како ќе ги добиете документите?

Лично. Можете исто така да побарате документите да Ви бидат доставени по пошта, доколку ги покриете поштенските трошоци.

Како може да се жалите?

Во случај на одбивање да се изврши дејствието, конзулот ќе издаде решение, против кое можете да поднесете жалба во рок од 7 дена до министерот за надворешни работи на Република Полска. Жалбата се поднесува преку конзулот, кој го издал решението.

{"register":{"columns":[]}}