In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.

Потврда која дава право за внесување (увоз) на оружје и муниција од странство од страна на полски државјани за сопствени потреби

Каде ќе ја завршите работата?

Потврдата ќе ја добиете во месно надлежната конзуларна канцеларија на Република Полска.

Запомнете дека условот за поседување на потврдата не се применува во однос на државјаните на државите членки на Европската Унија кои имаат европска картичка за огнено оружје.

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Документите може да ги поднесете лично.

Како да закажете термин?

За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.

Кои документи треба да ги поднесете?

Подгответе:

  • важечки пасош или лична карта,
  • доказ за набавка на оружјето,
  • информативна карта за оружјето,
  • информација за бројот на транспортирана муниција, видот и за урнек на куршумот,
  • ако имате – дозвола за оружје.

Запомнете! Ако немате дозвола за оружје – обврзани сте да го депонирате оружјето во надлежниот царински орган, а исто така, во рок од 14 дена од внесување на оружјето на територијата на Република Полска, да поднесете до надлежниот орган на полицијата барање за издавање дозвола за оружје. Трошоците поврзани со депонирање на оружјето и муницијата ги сноси лицето кое ги дава оружјето и муницијата да бидат депонирани.

Запомнете! Полските државјани кои постојано живеат во земјата и увезуваат оружје за сопствени потреби, се обврзани при преминување на границата во писмена форма на надлежниот царински орган да му го пријават внесувањето на оружјето и муницијата. Формуларите за пријавување ќе ги најдете со надлежниот царински орган – тие опфаќаат податоци, коишто ќе овозможат недвосмислена идентификација на оружјето, а исто така, и на лицето кое го внесува оружјето. Царинскиот орган има обврска неодложно да го информира надлежниот орган на полицијата и да му ги даде добиените информации.

Информирајте го конзулот за планираниот датум на увоз.

Колку ќе платите?

Таксата за издавање на потврдата изнесува  3695,00 MKD.

Кој е рокот за реализација?

Конзулот ја издава потврдата без непотребно одолжување , но не подоцна од 14 дена од денот на поднесување на барањето.

Како ќе ги добиете документите?

Лично. Можете исто така да побарате документите да Ви бидат доставени по пошта, доколку ги покриете поштенските трошоци.

Како може да се жалите?

Во случај на одбивање да се изврши дејствието, конзулот ќе издаде решение, против коешто можете во рок од 7 дена да поднесете жалба до министерот за надворешни работи на Република Полска. Жалбата се поднесува преку конзулот, којшто го издал решението.

{"register":{"columns":[]}}